Даци: Југославија ќе се распаднеше и без Милошевиќ, но не толку бргу

од desk4
116 прегледи

  Претседателот на Академијата на науките и уметностите на Косово и поранешен спикер на косовското Собрание, во периодот меѓу 2001-ва и 2006-та година, Неџат Даци, изјави дека никогаш не се сретнал со тогашниот српски лидер Слободан Милошевиќ, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Даци, кој синоќа гостуваше во емисијата „Тет-а-тет“ на познатиот косовски новинар Берат Бужаља на ТВ Т7, рече дека „комунистичка Југославија сеедно ќе се распаднела, па и да не дошол на чело на Србија Слободан Милошевиќ, познат како `балканскиот касапин`“, кој почина во притвор во Хаг додека му се судеше за воени злосторства во Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово.

– Не со таа брзина, но секако ќе се распаднеше, изјави Даци, запрашан дали СФРЈ ќе го избегнеше распаѓањето, доколку на сцена не стапеше Милошевиќ со неговите големосрпски и диктаторски амбиции.