Даути: Нема да прифатам еден дел од популацијата да не се третира на еднаков начин

од Nikola Popovski
75 прегледи

Од каде и да го разгледаш прашањето, ќе видите дека претседателката е во право. Ја сака вистината во целост. Убедена е дека со половични вистини не може да се изгради иднината на државата. Прифаќам дека имам свои слабости – таа е Албанка и треба да се соочи со разликите со кои се соочуваат и сограѓаните. Ако беше маж, повторно личниот интерес немаше да го стави над националниот. Да бидеме прво луѓе, изјави денеска од собраниската говорница, пратеничката и претседателката на Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, говорејќи за себе во трето лице за интерпелацијата. Колку за потсетување, пратениците на Левица поднесоа интерпелација против неа поради, како што велат, нејзиното брутално кршење на Уставот и Деловникот, со кое спречува Законот за бранителите да се најде пред пратениците.

-Доволно е да се сконцентираме кога ќе го читаме членот 9 од Уставот и на секој ќе му биде јасно дека оваа интерпелација е за да се покаже сила и диктат врз работата на пратениците кои размислуваат различно.

Не излегов за да аргументирам туку за да потврдам дека нема да прифатам еден дел од популацијата да не се третира на еднаков начин. Ќе дејствувам секогаш исто кога ќе биде потребно. Ве канам за да ми се приклучите и да кажете „не“ на експлотацијата на граѓаните, рече Даути во своето обраќање пред пратениците.

Претседателката на Комисијата истакна со евентуално нејзино разрешување, нема да се реши проблемот и побара предлог-законот да се разгледа од двете страни, со поддршка од државата.

Слични содржини