Оставката на Заев веќе е задоцнета и само покажува дека тој си поднел оставка кога личната состојба не му е добра, а не кога државата и граѓаните не се во добра ситуација, вели во изјава за медиумите координаторката на пратеничката група на Алијанса за Албанците, Илире Дауте.
-За жал државата и граѓаните одамна не се во добра состојба, особено по две трагедии онаа на модуларната болница и несреќата во Бугарија за кои уште нема одговори и никој не сноси одговорност.Со ова уште еднаш се постави бариера меѓу нив и прашањата што граѓаните ги поставуваат преку пратениците. Заев избра да не ја образложи личната оставка, туку се криеше зад писмена оставка. Тој што секогаш се повикуваше на чист образ денеска си замина без да се соочи со оние кои го избраа на таа функција, пратениците, односно избраните од народот. Со овој чин Заев го потврди сето она што ние како опозиција го констатиравме за време на Владата која ја водеше, рече Даути.