Даути за укинатиот Балансер: За да се елиминираат злоупотребите, доволно ќе беше лажните изјави за припадност, да се заменат со валиден документ од МВР или Завод за статистика

од Nikola Popovski
25 прегледи

Кога сум пишувал порано на оваа тема, моја теза била дека требало само да се елиминираат злоупотребите на балансерот во практиката, а тоа не ќе беше тешко, доволно ќе беше наместо лажните изјави за припадноста(која беше злоупотребена не само од Албанците, туку и од Македонците и сите други, со взаемна согласност меѓу самите партии од власта) да се заменат со валиден документ од МВР или Завод за статистика, изјави за „Локално“, политичкиот аналитичар Даут Даути за предлог-законот за соодветна и правична застапеност кој пред три дена беше усвоен на владина седница.

Тој објаснува дека главната причина зошто беше укинат „балансерот“ не беа самите злоупотреби, а тоа го знае Европскиот фронт и ДУИ, туку застапеноста на Албанците, која на одредени политички сили и интелектуални и медиумски кругови не им е по волја оти тие мислат, како што вели, дека „Албанците добиле многу повеќе над „вистинското“ учество во населението на Македонија бидејќи си имаат нивни „статистики“ и не им веруваат на официјалните податоци“.

Даути: Главната причина зошто беше укинат Балансерот не беа злоупотребите туку застапеноста на Албанците, која на одредени политички сили и интелектуални кругови не им е по волја

Слични содржини