Давчева: Град Скопје сака да го менува возниот ред, а автобуси уште нема

„Се укинува број 35, а се редуцира временскиот интервал на 7 и 4“, вели советничката од Левица

од Nikola Popovski
38 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Можеби најнебулозното нешто што го слушнав денес на оваа седница е предлог-одлуката со која се менува возниот ред, а автобуси уште нема“, рече советничката на Левица, Милица Давчева на денешната седница на Советот на Град Скопје. Според неа, во предлог-одлуката никаде не се споменуваат ноќните линии ниту линиите на приватните превозници.

Давчева забележува дека се предлага укинување на линијата со број „35“ која ги поврзува Чаир со Аеродром.

-„4“ во понаселениот дел на Хром, од понеделник до петок поаѓа на 40 минути односно сега со промената ќе биде на 45 минути, а „7“ во Горно Лисиче има интервал од 25 минути. Исто така, во сабота, „4“ во Хром е на 50 минути, ако се земе во предвид дека голем дел од Влае ја користи оваа линија. Не работат сите во државни институции, има граѓани кои работат и во сабота и недела и на овој начин не можат да се возат“, кажа советничката од редовите на Левица.