Младиот македонски музичар, Давид Темелков, кој гради кариера во Хрватска, клекна пред многубројната публика пред својата девојка Хелена Јунг и ја запроси.
Хелена, водителка на телевизијата ЦМЦ и поранешна придружничка на Мис Хрватска, рече дека се фрлила во прегратките на својот вереник додека публиката ракоплескала.
Емотивниот момент на концертот во Нова Градишка го сними водителот Далибор Петко и снимката ја објави на својата Инстаграм сметка.
Давид и Елена се во врска неколку години, а се запознаа во 2015 година на концерт на Тони Цетински.
„Се запознавме по концертот на Тони Цетински, случајно, на забава после тоа кога буквално се судрив со Елена. Не знаев која е таа, а ниту таа знаеше кој сум јас. Имаше искра меѓу нас на првата средба … Не можам да ви објаснам што точно ме привлече кон Елена, но се чувствуваше како да има нешто посебно меѓу нас“, ја опиша Давид нивната прва средба за списанието „Стори“.
„Веднаш ме привлече неговата насмевка, но и неговата симпатичност. Беше одлично што на почетокот на врската не го знаеше добро хрватскиот јазик, па ние порано се смеевме на тоа. Ја сакам неговата скромност“, вели Елена за него.