Македонскиот пејач Давид Темелков се ожени за хрватска водителка

од Stefanija Kuzmanovska

Македонскиот пејач Давид Темелков и неговата девојка, хрватската водителка Елена Јунг викендов се венчаа во Македонија, а популарниот пејач на својот Инстаграм објави дел од атмосферата од венчавката. Преку неколку фотографии и кратки видеа покажа како по свадбената церемонија со Елена пуштиле бели гулаби пред црквата и покажа како изгледал нивниот прв танц.

Елена и Давид се во врска осум години, а нивната судбоносна средба се случи на концерт на Тони Цетински, а Давид за магазинот Story откри како случајно се запознале кога буквално налетал на Елена на афтер забавата.

„Не знаев која е таа, а ниту таа не знаеше кој сум јас. Веќе на првата средба се појави искра меѓу нас. Не можам да ви објаснам што точно ме привлече кај Елена, но почувствував дека меѓу нас има нешто посебно“, кажал Давид.

Во интервјуто кое го даде за „Вечерњи лист“, водителката се присети како изгледала нејзината прва средба со пејачот, кој стана популарен благодарение на учеството во шоуто X Factor.

„Со Давид се запознавме на концертот на Тони Цетински, каде што тој гостуваше. Не знаев кој е тој затоа што не го следев шоуто X Factor таа година во која учествуваше и ми беше чудно зошто сите му приоѓаа и бараа да се фотографираат. Еден заеднички пријател на крајот не запозна и оттогаш останавме во контакт, а подоцна влеговме и во врска“, раскажала таа.

Слични содржини