Давитковски: Најновиот план за рамковните вработени им дава уште шанси да седат дома и да земаат плата

од Vladimir Zorba

Aко навистина се сакаше решавање на проблемот со раковно вработените, овие луѓе требаше да бидат ставени на траnсфер листа водејќи сметка за балансерот каде ќе имаат приротет за вработување во јавен сектор. Сега повторно им се дава шанса да одбијат работnо место, што значи дополнителни пет до шест години ќе седат дома и ќе земаат плата. Вака институциите ќе се преполнат со вишок вработени, а институциите ќе бројат загуби, изјави во кратко интервју за „Локално“ универзитетскиот професор Борче Давитковски.

Тоа се разбира, вели Давитковски, ќе го покрие повторно државата.

Предлог законот кој ќе се носи по брза постапка во Собранието, предвидува првиот вицепремиер Артан Груби да го прави планот кој од рамковните вработени каде ќе оди. Дали е ова крај на долгогодишната сага?

– Не. Досегашното крајно манипулативно злоупотребување на законите ќе продолжи. Ова е само уште еден начин да се заштитат овие 1.430 луѓе од кои според одредени истражувања, кои тенденциозно не се обелоденуваат во јавноста, дури 1.000 се во странство. Предлог законот предвидува уште шанси за нив со самото тоа што им се овозможува доколку го одбијат понуденото работно место да се евидентираат на трасфер листата за можни превземања за МИОА. Значи повторно ќе седат дома и ќе земаат плата барем уште 5-6 години. Секако ова најмногу се однесува на оние кои се во странство. Тие сигурно нема да се вратат од, на пример Германија за да работат тука. Надлежниот министер и досега можеше да го реши проблемот и тоа според постоечките прописи. Тоа значи да ги стави на траснфер листа која водејќи сметка за балансерот, ќе има приоритет за нивно вработување во јавниот сектор. Ова значи дека институциите кога објавуваат оглас за нови вработувања да бидат обврзани прво да преземат дел од овие луѓе.

Како го толкувате предлогот директорите на државните институции, агенции, фондови, установи и претпријатија, општини и акционерски друштва, да се казнат со по 2.000 евра ако не им дадат работни задачи?

– Прво се поставува прашањето дали сите рамковно вработени во Министерството за политички систем се нормирани според постоечките правилници за систематизација и внатрешна организација. Тоа не е сторено. Сега им се наметнува обврска на директорите на институциите да ги преземат овие луге. Тие тоа треба да го направат според правилниците за систематизација и внатрешна организација, секако ако имаат слободни места. На ваков начин директорите ќе мораат да вработат вишок луѓе со што нивните институции ќе влезат во загуба.

Се чини дека загубите кои ги споменувате, никој не ги зема предвид

– Никој од предлагачите на законите не ги дава парите од џеб. Буџетски пари секогаш лесно се наоѓаат. Замислете сега, „Македонска пошта” која е како и низа други институции во загуба, ќе треба да прими уште вработени. Загубата се подразбира и повторно Владата преку државниот буџет истата ќе ја покрие.

На рамковните вработени, според најавите, институциијата мора да им даде најмалку иста плата но не и пониска. Колку е ова е правично?

-Повторно ќе посочам. Станува збор за државен буџет, а не за приватен џеб на политичарите кои ги смислуваат овие решенија. Секако ова е неправда кон сите оние кои трудољубиво и напорно работат по најмалку осум часа дневно а сепак немаат ни приближно 500 евра плата колку што изнесува платата на рамковните вработени.

К.В.С.

Слични содржини