Еднаш неделно се случува нешто во Македонија. Пожарот, сообраќајката на затвореникот…Кај нас се е политика и од секој настан правиме политка, вели Борче Давитковски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.
Тој во своето интервју напомена дека во земјава нема вистинска демократија, затоа што нема демократија во самите партии.
-Ние немаме вистинска демократија, затоа што нема демократија во самите партии. Оној кој ја има власта мисли дека располага со се. Нашите институции служат сервисно ориентирани кон власта. Треба да се ориентирани кон граѓаните. Секоја институција сама треба да функционира, согласно законот, да бидат сервис на граѓаните. Оној кој ќе влезе во администрација се додека тоа не го разбере, попусто. Да направиме ветинг, да земеме за секое ниво едно тестирање. вели Давитковски.