Давитковски: Укинувањето на Балансерот е добар потег – не смееме веќе да дозволиме предност на етничката припадност пред квалитетот и образованието

од Vladimir Zorba
411 прегледи

Укинувањето на Балансерот, алатката за правична и соодветна застапеност при вработувања во јавната адинистрација според националната припадност, чиј начин на примена во изминатите години беше континуирано критикуван како еден од најспорните, за професорот Борче Давитковски е вистински и долго очекуван потег. За него, како поранешен професор по административно право и јавна администрација и еден од нашите најголеми познавачи на состојбите во оваа област, праксата покажа очигледна злоупотреба на оваа алатка што  резултираше со   пренатрупана партизирана администрација која не само што не обезбеди ефикасни и брзи услуги за граѓаните, туку се претвори во своевидна „кратенка’’за вработување за припадниците на албанската заеница.  Оттука според него, неоправдани се негодувањата на дел од албанските партии кои одлуката на Министерот за администрација ја нарекоа опасен обид за намалување на влијанието на Албанците во јавниот и институционалниот живот во државата.

Балансерот како еден од столбовите на Охридскиот рамковен договор од 2001, до сега се сметаше како да е привилегија само на албанската заедница во Македонија. Во носењето на законите за вработени во јавен сектор, во јавна администрација, и др. цело време се инсистираше на вработување на контингенти припадници на албанската заедница без да се  води сметка за другите заедници и уште повеќе за мерит системот,односно стручноста и компетентноста., изјави Давитковски за „Локално мк“.

Според него, никој нема против вработувањата на припадници на албанската етничка заедница, но , само доколку се води сметка на принципот на стручност и компетентност. Досегашната пракса , како што вели,  целосно ја партизира администрацијата создавајќи ситуација во која лица со несоодветно образование  се вработуваа на работни места  за кои  немале потребните знаења и вештини,  што  автоматски се одразува на квалитетот на услугите што ги пружаат на граѓаните.

“Очигледно се злоупотребуваше Балансероит. Кога ова го сватија припадниците на  другите заедници почнаа да се пријавуваат како Албанци  на конкурсите на  кои немамаше кандидати од оваа  етничка заедница, осигурувајќи си на тој начин влез во бараната квота..Принципот на Балансерот беше едноставен.- Во ситуација во која неколку кандидати  имаат  исти резултати на тестирањето  предност  би се дала на кандидатот од помалата етничка заедница.Сепак, ваквиот пристап многу пати се прекрши.  Алатакта се вулгализираше, па во одредени министерства каде на чело беа Албанци вкипниот бтрој на вработени од оваа етничка заедница достигна дури  45 %– 50%“, вели Давитковски за „Локално“.

Од друга страна, новиот закон за правична застапеност според неговите очекувања нема да резултира со отпуштања , туку со прераспределувања.Тоа практично би значело дека таму каде има превработеност на некоја етничка заедница ќе се прави трансфер на вработени од еден во друг ресор но нема да се вработуваат нови лица таму каде процентот на застапеност е веќе постигнат..

Во однос на раководните лица сум песимист, министер, заменик министер, директор на управа, на инспекторат и на ЈП и установи, практиката си продолжува. Владата со нови ВД-а и раководители, ја продолжи лошата пракса но во однос на обичните работни места тука треба да се води сметка бидејки тие работници се непосредните извршители.Граѓанинот не оди кај министерот, ако вади лична карта оди на шалтер.А таму сака на брз и ефикасен начин да му се заврши услугата, потенцира тој.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев најави дека со укинување на дигиталната алатка за вработување се зголемува бројот на Македонци, Турци, Срби и  Роми во јавната администрација, а се намалува бројот на Албанци. Измените на процентите рече тој се направени исклучиво според Законот за вработени во јавен сектор кој претходно не бил почитуван а поранешниот министер Алити во пресметување на процентите за етничка застапеност го сметал и нерезидентното население.

К.В.С.

Слични содржини