Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието за избор на судија поради неправилности во гласањето

од Љубиша Владимиров
21 прегледи

Професорот Борче Давитковски во „Топ Тема“ објасни дека Уставниот суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието за избор на судија, бидејќи процесот на гласање бил неправилен. Тој посочи дека Судскиот совет го прекинал гласањето веднаш по првиот кандидат, а Собранието требало тогаш да реагира и да не прифати таква одлука. Давитковски исто така објасни како до 2006 година во Македонија се применувал стар закон за управни спорови од поранешна СФРЈ, кој не дозволувал управен суд да се меша во одлуки за избори и именувања од највисоките државни органи. Со воведувањето на новиот закон во 2006 година, започнала заштита на правата на поединците во ваквите процеси, со цел поголема правда и транспарентност.

Ивана Петковска од Коалицијата „Сите за правично судење“ ја поздрави храброста на управните судии и ја истакна важноста од транспарентен и фер избор на судии. Таа додаде дека е проблематично што на седницата не се гласаше за сите предложени кандидати, што создава недоверба во целиот процес и правниот систем.

Слични содржини