Давитковски: Владата потклекна под притисок на синдикатите, требаше во пакет сите работници да ги земе

од Берта Китинска
372 прегледи

Кога не се иде на целосни решенија секој пат се прават грешки, мислам дека владата потклекна под притисок на синдикатите, требаше во пакет сите работници да ги земе, буџетарите се околу 170.000 тие сите се најдоа засегнати и сега реагираат. Целиот јавен сектор сите ќе се најдат во оваа ситуација, коментира универзитетски професор Борче Давитковски во „Студио 10“ во врска со покачувањето на минимланта плата.

-Ако ја зголемите платата во приватниот сектор треба и да ја зголемите плата и во јавниот сектор.Требаше во Владата да внимаваат, како што е во приватниот сектор, истото ќе го прават сега и во Буџетот, кога се правеле коефициентите, се одело со минималната плата. Не може само минималната плата да ја зголемите, се кршат закони. Во Македонија има околу 500.000 вработени, не се само 80.000. Ова е врзан круг, требаше да се направи сериозна финансиска конструкција, па ако немаме доволно средства, требаше државата да зема нови кредити, вели Давитковски.

Слични содржини