Една од ѕвездите на Манчестер Сити, Кевин де Бруин е уморен од споредбите со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Според плејмејкерот, на теренот тие исполнуваат различни улоги од него.
– Невозможно е да се споредите со нив. Нашите позиции се сосема различни. Тие играат многу понапред од мене и бележат 10 пати повеќе голови. Ако постигнам 10 гола, тие ќе постигнат 100. Јас имам други задачи на теренот, изјави Де Бруин за „Хет Беланг ван Лимбург“.
Белгискиот репрезентативец, исто така, зборуваше за тврдата игра против него од страна на противниците.
– Не чувствувам дека сум цел на моите противници. Прекршоците се дел од фудбалот. Не плачам кога ќе ме удраат. Ги стискам забите и продолжувам, со или без болка. Таков е контактниот спорт, заклучи тој