Кевин Де Бруин нема да го напушти Манчестер Сити, сигурен е менаџерот на англискиот фудбалски клуб – Пеп Гвардиола. За белгискиот плејмејкер има интерес од Саудиска Арабија, но тој е под договор со шампионот во Премиер лигата до летото 2025 година.
Гвардиола смета дека нема да има големи промени во составот на Сити ова лето.
„Кевин не оди никаде. Задоволен сум со овој тим и се обидуваме да го одржуваме од година во година. Не знам што ќе се случи на трансфер пазарот и ќе зборуваме повеќе за заминувања доколку ги има. Но мислам дека ќе задржиме помеѓу 85 и 95 отсто од нашиот тим, јас лично се чувствувам мирен“, изјави Гвардиола, цитиран од Ројтерс.
Минатата недела, 20-годишниот бразилски крилен напаѓач Савињо пристигна во Сити, додека Калвин Филипс се врати од позајмица во Вест Хем.
„Савињо игра на крилните позиции. Тој е смртоносно добар еден на еден. Тој е млад и ќе го освежи нашиот тим, но тој не е замена за никого. Не е здраво да се прават шест или седум промени пред почетокот на новата сезона. “ додаде Гвардиола.