Де Бруин: Нема недоразбирање меѓу мене и Гвардиола, знае дека ми беше тешко

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, призна дека се бори да се врати во поранешната форма поради физички проблеми.

33-годишниот Белгиец беше надвор од терените во средината на септември поради повреда на мускулот добиена на ремито со Интер во Лигата на шампионите (0:0).

Фудбалерот се врати во игра на 21 октомври и постигна гол во победата од 3-0 над Нотингем Форест синоќа.

„Нема недоразбирање меѓу мене и Гвардиола. Тој знае дека ми беше тешко. Имав болки поради повредите. Се надевам дека ќе се вратам во форма и ќе му помогнам на тимот”, изјави Де Бруин, цитиран од BBC Sport.

Оваа сезона 33-годишниот Белгиец има 2 гола и 2 асистенции во 12 настапи за Манчестер Сити во сите натпреварувања.

Слични содржини