Интер Мајами планира летово да го доведе белгискиот играч за врска Кевин де Бруин (33), уште едно значајно засилување по Лионел Меси и Луис Суарез, објавија британските медиуми.
Договорот на Де Бруин истекува на 30 јуни и тој веќе објави дека летово го напушта Манчестер Сити каде помина десет години освојувајќи 16 трофеи.
Американскиот клуб ќе има силна конкуренција од екипи од Саудиска Арабија, кои во последните години успеаја да привлечат бројни светски фудбалски ѕвезди.
Белгиецот сега треба да одлучи дали ќе ги прифати профитабилните понуди од Саудиска Арабија, со пријавена годишна плата од 24 милиони евра или ќе замине во Мајами, што би била многу поприфатлива дестинација.
За Манчестер Сити постигна 106 гола во сите натпреварувања и имаше 117 асистенции во Премиер лигата.
Само еден играч во историјата на Премиер лигата е пред него кога се во прашање асистенциите, а тоа е Рајан Гигс (162).
За белгиската репрезентација одигра 109 натпревари и постигна 30 голови.