Де Бруин останува во Сити и ќе потпише нов договор

од Vladimir Zorba
769 прегледи

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин ќе потпише нов договор со клубот, пренесува „Мирор“.

Според информациите, 32-годишниот Белгиец има намера да остане во англискиот клуб и покрај интересот на клубови од Саудиска Арабија.

Актуелниот договор на Де Брујн со Манчестер Сити е до 30 јуни 2025 година. Во сезоната 2023/24, играчот од средниот ред одигра 26 натпревари, постигна 6 гола и даде 18 асистенции.

Слични содржини