Де Бруин откри дали ќе остане во Манчестер Сити

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин зборуваше за својата иднина пред мечот со Франција на ЕП 2024.

„Ќе имам мирно лето. По Европското првенство ќе уживам во паузата и потоа ќе се вратам во Манчестер Сити. Преговорите со клубот може да се случат во наредните месеци“, ги цитира новинарот Кристоф Тере зборовите на играчот.

Репрезентацијата на Белгија во 1/8-финалето на Европското првенство ќе игра против Франција. Средбата е денеска и започнува во 18 часот.

Договорот на 33-годишниот Белгиец со Сити е до летото 2025 година.

Слични содржини