Фудбалерите на Манчестер Сити и Ливерпул одиграа нерешено (1:1), во дербито на осмото коло од англиската Премиер лига.
Ливерпул поведе по фаулот на Вокер врз Мане во шеснаесетникот на Сити. Следуваше најстрога казна, која Салах ја претвори во водство во 13. минута.
Радоста на гостите траеше до 31-та минута, кога Габриел Жесус израмни по асистенција на Де Бруин.
Тимот на Пеп Гвардиола можеше пред паузата целосно да го сврти резултатот, но капитенот на „граѓаните“ промаши од белата точка во 42-та минута.
Манчестер Сити е на 11-то место со 12 бода по седум натпревари, додека Ливерпул освои 17 бода на осум натпревари и се наоѓа на третото место на табелата во Премиер лигата.
Во следното коло Сити е домаќин на Тотенхем, додека Ливерпул ќе се сретне со Лестер. Тимот на Брендан Роџерс по денешната победа е на чело на табелата, додека „петлите“ на Жозе Мурињо се веднаш зад нив.