Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн вели дека му биле скршени носот и јаболчницата, по финалниот натпревар во Лигата на шампионите во Порто.
Сити загуби од Челси со 1: 0, а Де Брујн беше заменет во 60. минута кога на негово место на теренот влезе Габриел Жесус.
Белгиецот доби удар за време на натпреварот, се судри со Ридигер, по што се огласи ден подоцна по враќањето од болницата.
„Здраво луѓе, сега се вратив од болницата. Мојата дијагноза е акутна фрактура на носната коска и фрактура на јаболчницата. Засега се чувствувам добро. Сè уште сум разочаран поради вчерашниот ден, но ќе се вратиме посилни“, рекол Де Брујн.
Hi guys just got back from the hospital. My diagnosis is Acute nose bone fracture and left orbital fracture. I feel okay now. Still disappointed about yesterday obviously but we will be back
— Kevin De Bruyne (@DeBruyneKev) May 30, 2021
Да потсетиме, единствениот погодок во финалето од Лигата на шампионите, одигран на стадионот Драгао, го постигна Каи Хаверц во 42-та минута, на асистенција на Мејсон Маунт.
Rüdiger foul on de bruyne was so dirty, intentionally shoulder checked de bruyne’s face, and proceed to dive, acting like he got an apparent head injury from the collision, in an attempt to avoid a harsher punishment, when he clearly ok. pic.twitter.com/D8oFlPK9iY
— ActuallyElvinChing🌏☄️🌟 (@ChingActually) May 29, 2021