Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа изјави дека ја одбил последната понуда на Реал Мадрид, поради влијанието што Жозе Мурињо го има врз неговата кариера.
Шпанскиот репрезентативец се уште е на прво место на листата на Флорентино Перез за летни трансфери, иако веќе неколку пати ги одби предлозите.
Де Хеа е блиску до продолжување на договорот со Јунајтед за 350.000 фунти неделно. 27-годишниот голман има уште 18 месеци од неговиот сегашен договор со „Црвените Ѓаволи“.