263
Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа објавил пред раководството на клубот дека сака во текот на летото да биде продаден на Реал Мадрид, тврди руското издание „Спорт-експрес“, кое се повикува на свои информации.
Договорот на Шпанецот со тимот истекува по 18 месеци и очигледно тој нема намера да го обнови, бидејќи неколку години на Островот му беа сосема доволни.
Во оваа сезона 27-годишниот голман играл во 37 натпревари на клубот и допушти 28 погодоци.
Неодамна клупската легенда Гери Невил најави дека во моментов тој е единствениот играч од светска класа на тимот и алармира дека ова е исклучително загрижувачко.