45
Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина го ангажираше поранешниот шпански репрезентативен голман Давид Де Хеа (33) со кого потпиша договор на една година со опција за продолжување на уште една година.
Де Геа, кој професионалната кариера ја започна во Атлетико Мадрид, а беше член на Манчестер Јунајтед од 2011 до 2023 година, минатата сезона беше без клуб.
Во текот на кариерата, Де Хеа забележа 45 настапи за шпанската репрезентација.