Де Јонг го претпочита Манчестер Јунајтед пред Челси

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг повеќе сака да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед отколку во Челси. Двата англиски гиганти се борат за потписот на Холанѓанецот. Иако лондончани имаат посилни аргументи, според „Мирор“ играчот претпочита да оди на „Олд Трафорд“.

Главна причина за тоа е фактот што „црвените ѓаволи“ се предводени од поранешниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг. Тренерот лично инсистира на привлекување на Де Јонг и планира околу него да го изгради целиот концепт на играта на Манчестер Јунајтед во наредните години.

Во меѓувреме, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта продолжува да инсистира дека нема да го продаде Де Јонг ова лето. До неодамна се шпекулираше дека самиот играч нема желба да го напушти „Камп Ноу“. Во меѓувреме, се дознава дека платата на Холанѓанецот ќе биде проблем за Каталонците доколку остане во клубот, бидејќи според неговиот договор таа треба драстично да биде зголемена во наредните години. Токму поради оваа причина, шансата да се продаде не е воопшто мала.

Така, сагата околу Де Јонг продолжува и неговата иднина останува нејасна. Сепак, вагата во моментов најмногу се навалува кон негов трансфер на „Олд Трафорд“.

Слични содржини