Халфот на Ајакс – Френки Де Јонг (од летото нов играч на Барселона), смета дека ако тимот од
Амстердам го елиминираат Реал Мадрид од 1/8-финалето на Лигата на Шампионите, Серхио Рамос
ќе жали што намерно доби втор жолт картон.

На крајот на дуелот на „Јохан Кројф Арена“, во првиот натпревар помеѓу двата тима (2:1 за Реал),
Рамос намерно го собори Каспер Долберг и доби жолт картон за да може да го пропушти
„сигурниот“ за неговиот тим реванш и да биде чист за 1/4-финале.
По истрагата на УЕФА на темата, Рамос доби казна од две средби, а не од една, како што самиот тој
очекуваше. Така при пласман на Реал дефанзивецот нема да може да земе учество и во првиот
натпревар од 1/4-финалето на турнирот.
„Рамос можеби ќе зажали ако ги победиме во вториот натпревар“, рече Де Јонг пред холандскиот
весник „AD