Де Јонг почна подготовки со Барса

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Сите главни играчи на Барселона веќе се на предсезонски тренинзи, а оние на кои им беше дадена подолга пауза поради репрезентативните натпревари во јуни денеска се приклучија на тренинзите – Френки де Јонг, Роналд Араухо, Ерик Гарсија, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Гави, Мемфис Депај и Феран Торес.

Сите тие утрово пристигнаа во клупската база и првично беа на превентивен лекарски преглед.

Од споменатите играчи, само Де Јонг се поврзуваше со трансфер откако Манчестер Јунајтед го посакуваше. Сепак, самиот фудбалер, но и раководството на Барса јасно ставија до знаење дека попрво би продолжил на „Камп Ноу“.

Усман Дембеле не се појави бидејќи му истече договорот со Барса и затоа нема како да тренира со останатите. Сепак, напаѓачот од вчера е во градот и се очекува многу брзо да има новости за него.

Слични содржини