Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг летна за Лондон, пренесува шпанската спортска програма „Ел Чирингито“. Целта на патувањето не е јасна, но можно е да се работи за можен трансфер во Челси.
Играчот од средниот ред беше меѓу најжешките имиња на трансфер пазарот ова лето, откако беше силно посакуван од Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ дури се договорија со Каталонците за трансфер, но на крајот тој одби да се пресели на „Олд Трафорд“. Тие на крајот се префокусираа и малку подоцна го доведоа Касемиро од Реал Мадрид.
💣💣¡NOTICIA BOMBA!💣💣
✈️FRENKIE DE JONG, dirección LONDRES.
🎥 @10JoseAlvarezhttps://t.co/D7dqcx1x2q pic.twitter.com/HCYgik50FL
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) August 29, 2022
Подоцна неговото име се поврзуваше и со Челси, но различни извори тврдеа дека тој цврсто одбил да се пресели во друг тим и категорично сакал да остане на „Камп Ноу“.
Де Јонг дури вчера беше дел од тимот на Каталонците кога влезе од клупата во победата од 4-0 над Ваљадолид.
Денови пред крајот на трансфер пазарот, сепак, не е јасно дали Холанѓанецот на крајот се согласил да премине во друга екипа.