Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска соопшти дека по продолжувањето на конфликтот во Газа разговарал со израелскиот претседател Исак Херцог и му рекол дека повеќе не смее да има убиства на цивили.
„Ја изразив мојата загриженост за фактот дека насилството повторно започна и уште еднаш го повторив она што го кажав на преминот Рафа: нема повеќе убиства на цивили“, им рече Де Кро на новинарите на самитот за климата на ОН, COP28 во Дубаи.
Де Кро додаде дека Израел има „право да ја елиминира терористичката закана што произлегува од Газа“, но дека треба да направи се за да се осигура дека нема повеќе цивилни жртви.