12
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, откри дека клубот е во преговори со играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин.
-Нашата намера е да го привлечеме, но потребни се двајца за да се склучи договор, изјави Де Лаурентис за „Ил Матино“.
„Неаполитанците“ му понудиле на 33-годишниот Белгиец тригодишен договор.
Де Бруин го објави своето заминување на крајот од сезоната на почетокот на април. Договорот на играчот од средниот ред со Манчестер Сити истекува на 30 јуни. Тој одигра 422 натпревари за Сити, постигнувајќи 108 гола и 177 асистенции.