464
Централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Матијас де Лихт изјави дека играчите на клубот мора да преземат одговорност за заминувањето на тренерот Томас Тухел на крајот од сезоната.
„Ние, играчите, сме одговорни (за ситуацијата). Правиме сè заедно“, рече Де Лихт.
„Кога тренерот треба да си замине, тогаш и ние мора да кажеме дека не сме се снашле добро. Заедно сме во овој период и мораме заедно да излеземе од него. Затоа утрешниот натпревар е исклучително важен“, заклучи Холанѓанецот.