336
Манчестер Јунајтед е се поблиску до потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијас де Лихт.
„Експрес“ објави дека „црвените ѓаволи“ ќе понудат 45 милиони фунти плус бонуси на Баварците за да го ангажираат холандскиот репрезентативец. Се верува дека Јунајтед веќе ги договорил личните услови за централниот бек.
24-годишниот Де Лихт, кој претходно работеше со менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг во Ајакс, ќе стане второто дефанзивно засилување на тимот летово по доаѓањето на Лени Јоро од Лил.
На „Олд Трафорд“ веќе се засилија со напаѓачот на Болоња – Џошуа Зиркзе.