Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијас де Лихт, тврдат Флоријан Плетенберг и Дејвид Орнштајн. Холанѓанецот е главната опција за засилување на одбраната на „црвените ѓаволи“.
Баварците не се против разделба со Де Лихт. 24-годишниот дефанзивец често го мачат повреди по неговото доаѓање од Јувентус, а заработува и голема плата.
Од „Олд Трафорд“ веруваат дека би можеле да го привлечат Де Лихт по прифатлива цена, откако не успеаја да го привлечат Џерад Брантвејт од Евертон.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг е голем фан на Де Лихт, со кој соработуваше во Ајакс.
Во моментов Манчестер Јунајтед се уште нема дадено понуда за Холанѓанецот, но се очекува во наредните денови да започнат преговори за негово привлекување.