Де Лихт: Среќен сум што се преселив во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Холандскиот фудбалер Матијс де Лихт изјави дека е среќен што во летниот преоден рок одлучил да ја продолжи играчката кариера во Манчестер Јунајтед, пренесуваат британските медиуми.

Де Лихт (25) му се приклучи на Манчестер Јунајтед во средината на август, а претходно играше за Баерн. За клубот од „Олд Трафорд“ одигра три натпревари.

– Среќен сум што се преселив во Манчестер Јунајтед. Премиер лигата има повеќе навивачи од Бундеслигата – изјави Де Лихт за британските медиуми по натпреварот меѓу Холандија и Босна и Херцеговина во Лигата на нации.

Фудбалската репрезентација на Холандија победи во саботата вечерта на БиХ со резултат 5:2 во натпреварот од првото коло од А3 Лигата на нации. Де Лихт изјави дека е среќен за победата против БиХ, но додаде дека не е задоволен од неговата игра.

– Победивме, но не сум задоволен од мојата игра. Требаше подобро да реагирам пред нивниот втор гол. Давам максимум на секој натпревар – изјави Де Лихт, кој за холандската репрезентација одигра 46 натпревари.

Слични содржини