Де Пол пред реваншот со Реал: Не секогаш победува оној што игра подобро

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Родриго Де Пол ги сподели своите очекувања за реваншот против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се игра денеска, 12 март.

„На кој начин Реал има предност? Тоа што постигна повеќе голови (на првиот натпревар). Во фудбалот не секогаш победува тој што игра подобро. Одигравме одличен натпревар на „Бернабеу“, но микро-моментите можат да ја свртат ситуацијата во една или друга насока“, прокоментира Аргентинецот, цитиран од АС.

„Мораме да разбереме дека натпреварот ќе биде долг, ќе има многу различни моменти и периоди. Мораме да бидеме паметни и смирени за да го избереме вистинскиот момент за да бараме гол за израмнување на вкупниот резултат. Навивачите ќе ни помогнат да ја постигнеме нашата цел“, додава Де Пол.

Во првото осминафинале, во кое „кралевите“ беа домаќини, победија со 2:1.

Слични содржини