Де Роси по триумфот над Милан: Игравме зрело, со самодоверба и смиреност

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Тренерот на Рома – Даниеле Де Роси ја коментираше победата на тимот од 1:0 против Милан во првиот натпревар од 1/4-финалето на Лига Европа.

Тој ги пофали играчите не само за респектабилниот резултат туку и за севкупното добро издание.

„Ние сме сигурни во она што го правиме. Понекогаш грешиме, но знаеме што правиме и тоа морам да им го пренесам на играчите. Беа одлични, моите играчи вложија многу труд денеска. Зрелоста со која игравме, самодовербата и смиреноста на топката…. Многу сум среќен“, изјави Де Роси на официјалната веб-страница на УЕФА.

Слични содржини