Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза изјави денеска дека неговата земја има принципиелен став за проширувањето.
„Не сакаме да имаме предрасуди по прашањето. Ние самите станавме дел од Европската унија во процесот на проширување. Процесите се сложени. Во однос на Западен Балкан, знаеме дека темата е чувствителна. Она што е важно е да се отвори патот за надминување на разликите. Ние внимателно ја следиме темата. Потребна е поголема дискреција за да се постигне резултат. Понекогаш создавањето голема врева не помага во решавање на спорот меѓу Бугарија и С. Македонија“, изјавил Де Соуза на заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија.
Претходно, бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека неговата земја бара гаранции при проширувањето на Европската Унија со С Македонија, а најважната задача е да се врати дијалогот на сите нивоа меѓу Софија и Скопје.
Фото: БГНЕС