Де Зерби сака да го предизвика ПСЖ

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Италијанскиот менаџер Роберто Де Зерби изненадувачки потпиша за Олимпик Марсеј, иако беше поврзуван со голем број врвни европски тимови.

Француските гиганти очигледно ќе имаат поголеми амбиции следната сезона, откако минатата сезона завршија само на осмото место во Лига 1, не успевајќи да стигнат до европските натпреварувања.

Тимот од Прованса веќе беше поврзуван со некои сериозни зделки на трансфер пазарот и Де Зерби покажа високо ниво на самодоверба, велејќи дека сака да ја прекине доминацијата на Пари Сен Жермен.

„Луѓето го идентификуваат Марсеј како најважниот клуб во Франција, но ние мораме да го вратиме ентузијазмот на луѓето и да ја предизвикаме доминацијата на Пари Сен Жермен. Ќе им објаснам на играчите дека мораме да ги направиме навивачите горди на тимот. Да го тренираш Марсеј е уникатно, ги имате сите овие поддржувачи зад вас. Мора да покажеме храброст и одговорност, ќе се обидеме да се вратиме во Европа“, изјави Де Зерби.

Слични содржини