ДЕА по акциите „Двојник“ и „Марихуана“: Ја поддржуваме борбата против нарко трговијата во С.Македонија

од Берта Китинска
381 прегледи

По акциите „Двојник“ и „Марихуана“ американската агенција за сузбивање на нарккотици (ДЕА) објави дека ќе продолжи со поддршката на Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се занимаваат со тргување со дрога,пренесува МИА.

ДЕА потврди дека службеници на агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција околу заплената на 200 килограми марихуана во петокот од страна на полицијата. Пазарната вредност на запленетото наркотично средство на црниот пазар е речиси еден милион долари.

Полициската акција беше изведена во петокот попладне кога на патот Прилеп – Росоман, полициските тимови го пресретнале автомобилот„Ауди А8“, во кој биле висок полициски функционер од Прилеп, и уште едно лице. Веднаш потоа е запрено патничко возило „Дачија дастер“, во кое се превезувале уште две лица, а зад нив и товарно возило „комбе“, во кое се наоѓала марихуаната спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања.

Во петокот беа уапсени шест лица, а запленета е 200 килограми марихуана во вредност од над 800 000 евра.

Воедно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека „Двојник“ е меѓународна акција, на која нашата полиција работела со поддршка од Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при Амбасадата на САД во земјава, како и Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион и Интерпол во Скопје

Слични содржини