Деактивирана бомбата од Втората светска војна во Франкфурт

од desk2
160 прегледи

Американската бомба од Втората светска војна што беше откриена недалеку од седиштето на Европската централна банка во Франкфурт е деактивирана.

Процедурата траела два часа. Поради деактивирање на бомбата, тешка 500 килограми, од своите живеалишта беа евакуирани 16.500 луѓе.

Бомбата била пронајдена минатиот месец при изведување градежни работи.

По повеќе од 70 години од крајот на војната, низ Германија сè уште се откриваат неексплодирани бомби.