Деаноски: Агенција за вработување има само два шалтери за 600.000 луѓе

од Nikola Popovski
223 прегледи

Трпе Деаноски од Синдикатот на УПОЗ смета дека не може во ваква држава, која вели дека е „максимално политизарана, во која политичките партии ги носат законите“, да се бара деполитизација и проблемот со оценување на продуктивноста на вработените.

-Премала држава сме. Дали сме скарани вработените со раководителите, политички, национално фамилијарно, се одразува врз вработените. Ние имаме голем град како Скопје, каде што Агенција за вработување има само два шалтери за 600.000 луѓе, УВМК нема нов систем на работа 100 години наназад, Фонд за здравствено осигурување работи си стари компјутери 30 години. Ние бараме модерни услуги, дигитализација, а бараме нови решение и нова евалуација, вели Деаноски во емисијата „Топ тема“.

Според него, работата на Синдикатот е да се грижи за членовите.

-Мораме да бара поголема плата и надоместоци на членовите. Втора работа е дека 30 години сме во реформа на јавна администрација. Има Закон за висока раководна служба, со кој што се предвидува сите директори, државни секретари и генерални секретари да бидат именувани од независни комисии, слично на ДКСК, а не од Владата. Тоа никогаш нема да се донесе бидејќи ниту една политичка гарнитура нема да дозволи непартиски личности да бидат директори или секретари. Реформата треба да почне од горе, не од долу, ако веќе збориме за реформи. Се додека директори се луѓе со тригодишно искуство во струката, нема да не биде, потенцира Деаноски.

Слични содржини