Шест месеци немаше седница на Економско-социјалниот совет, во време на најголема финансиска криза во државата, во време на најголема инфлација. Нема методологија на плати која беше помпезно најавувана и сè уште се најавува, нема за фискални импликации, нема за потпишување на нови колективни договори. Меѓу точките на дневниот ред немаше ниту едно од нашите барања од изминатиот период, вели Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.
Седницата на Економско-социјалниот совет попладнево траеше повеќе од четири часа и заврши без конкретни разговори за мерки што, според Деаноски, е зачудувачки. Тој вели дека мерките што биле донесени на 88-та седница на Владата во неделата не им биле доставени на седницата на Советот, туку Синдикатите ги добиле преку свои извори.