Деаноски: Вработените кај Народниот правобранител не се административци, во 1998 нивната плата била на ранг на судиите

од Nikola Popovski
293 прегледи

Народниот правобранител и службата во Народниот правобранител се специфична служба. Тие извршуваат работни задачи по претставки на граѓаните и на вработените во јавниот сектор. Ги заштитуваат нивните интереси и не е логично сите вработени што се позади нас да бидат врзани во Закон за административни службеници, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на денешниот протест на вработените во Омбудсманот.

Како што истакна Деаноски, нивната работа не е административна и не можат да бидат поврзани со тој закон.

-Со години го чекаме носењето на Законот за службата и со години сме игнорнирани од власта. Не може со оваа проблематика на работа да имаат ваква висина на плати. Кажа колегата Маријан дека во 1998 година, висината на платите биле на ранг на судиите и тоа не е чудно и не треба да биде чудно, кажа Деаноски.

Вработените во Народниот правобранител денеска протестираа половина час. Побара финансиска независност, но и поголеми плати за големиот број надлежности.

Слични содржини