Деановски: Синдикатот се уште не го доби барањето за линеарно покачување на платите во јавниот сектор

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Синдикатот се уште не го доби барањето за линеарно покачувањето од 2806 денари на платите во јавниот сектор. За жал, таквата, не можам да кажам дека е одлука, но такви се сигналите што ги добиваме од другата страна, од државата. Има голем молк од нивна страна, не постои социјалниот дијалог, моментално не постои ниту социјално партнерство, нашето барање наидува на глуви уши, вели Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) во интервју за РСЕ.

Владата најавува нова методологија за повисоки плати од следната година, но што ќе прават вработените дотогаш, прашува тој.

– Имаме од таму информации дека се спрема нова методологија, дека со таа методологија ќе биде подобро од она што го бараме, дека нашето решение е ад хок решение, дека нашето решение е само популистичко и никој ништо нема да добие со него. Од друга страна ни се вели дека тоа нивно решение, што никој не го видел, што се спрема во тајност, наместо да се спрема заедно со синдикатите, нели да биде заеднички производ на влада и синдикати, ако веќе велиме дека функционира социјалниот дијалог, би требало да стапи на сила на 01.01.2023. Се поставува прашање што ќе прават вработените и работниците дотогаш, кога знаеме дека пред неколку денови се покачи струјата, горивата се уште на иста цена, цените на основните производи за живот само растат, посочува Деановски.

Слични содржини