286
Македонскиот ракометен клуб Вардар вечерва во Скопје беше декласиран од унгарски Веспрем 27:41 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Одличниот учинок на Иван Чупиќ, кој реализираше 9 гола, не беше доволен за да се избегне убедлив пораз. Втор најдобар стрелец кај Вардар беше исто така Хрват – Ловро Јотиќ, со четири погодоци.
На вториот денешен натпревар, Мотор славеше во Запорожје против Мешков со 32:30.
Осминафинале:
Пик Сегед – Кил 28-33
Нант – Киелце 24-25
Мотор Запорожје – Мешков Брест 32-30
Вардар 1961 – Веспрем 27-41
Целје – ПСЖ 24-37
Порто – Алборг 32-29
Петок, 2 април:
18.45 часот Елверум – Барселона
Одложен:
Загреб – Флензбург-Хендивит