Дебарската родилка: Ја замолувам Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ да го откаже протестот, не сакам да биде партиски обоен

од Nikola Popovski
460 прегледи

Родилката Јилдз Веапоска ја повика Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за го откаже планираниот протест пред Министерството за здравство.

„Јас, Јилдиз Веапоска, ја замолувам Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ да го одложат протестот во сабота. Јас не сакам мојот случај да биде партиски обоен. Јас не сум единствена жртва на д-р Мухамед Асани. Јас барам од сите луѓе, рака за рака, да ја побараме правдината без обзир од која партија се. Доколку сакате да ми помогнете на каков било начин, за сега е доволно само да ме поддржите да ја најдам правдината и да ја споделувате петицијата која најмногу ќе ми помогне. Однапред ви благодарам на сите“, напиша Веапоска.

Таа денес изјави дека во извештајот на Лекарската комора, гинекологот и директор на струшката болница Мухамед Асани рекол дека породил машко дете во нејзиниот случај, но нејзиното дете е женско.

„Гледам дека доктор Мухамед Асани значи воопшто не знае со што сум се породила,така што јас го прашувам него и се запрашувам, дали тој учествувал во текот на операцијата на царскиот рез или пак учествувал само неговит син Блертон Асани кој беше специјализант кога ме оперираа мене.Зошто се сомневаш дека не присуствувал Асани? Затоа што Мухамед Асани во изјавата од  извештајот на лекарската комора кажува дека јас сум се породила со машки плод а јас имам женско дете дома“, вели Вепапоска.

Во извештајот на лекарската комора стои дека не се евидентирани пропусти при опрацијата, но и дека не можеле да го спорат крварењето кое се појавило и затоа и ги извадиле бубреготм матката и јајникот.

Слични содржини