Дебата во Аргентина: Ликот на Марадона да се стави на банкнотата од 1.000 пезоси

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Аргентинскиот конгрес наскоро ќе расправа за барањето да се стави фотографија од покојниот Диего Марадона на банкнота од 1.000 пезоси.

„Идејата не е само да му оддадеме почит на нашиот најголем идол, туку и да размислиме за економското прашање. Веруваме дека туристите ќе сакаат да го понесат Марадона со себе кога ќе дојдат. Без разлика дали е добар или лош, тој е најпознатиот Аргентинец во светот“, рече членот на конгресот Норма Дуранго.

Лицето на Марадона би било напред, и позади „Божјата рака“, односно моментот кога тој го даде славниот гол против Англија на СП 1986 година.

Во моментов, националната птица „Руфус хорнеро“ е на банкнотата од 1.000 пезоси.

Слични содржини