Втор ден од дебатата за измените на Уставот на Република Македонија
Започна втората фаза од уставните амандмани на македонското Собрание. Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи се предвидува тридневната дискусија за секоја измена.
Во оваа втора фаза, за усвојувањето на амандманите потребни се 61 глас, што парламентарното мнозинство веќе ги има.
Сепак, претседателот на парламентот, Талат Џафери, изрази надеж дека дебатите треба да заврши многу побрзо.
Првото измена на основниот закон предвидува во текстот името “Република Македонија” да се замени со “Република Северна Македонија”. Наместо “Македонија” во членовите на уставот ќе се користи “Северна Македонија”, со исклучок на член 36, кој има историски аспект, и се однесува за “Специјалните права на борците од антифашистичката војна и од сите национално ослободителни војни на Македонија”.
Второто измена се однесува на преамбулата на Уставот на Република Македонија, па зборовите “решенија на антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија” се заменуваат со зборовите “проглас на првата сесија на антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија” и се додава плус Охридскиот рамковен договор .
Третото измена гласи дека “Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”, а четвртата се однесува на граѓаните кои живеат во странство, и предвидува дека “Републиката ги штити правата и интересите на своите граѓани кои живеат или престојуваат во странство , и промовира нивните врски со татковината, но нема да се меша во суверените права на други држави и нивните внатрешни работи “.
Втората фаза од уставните измени треба да заврши до 18 декември, а целокупната работа науставните изменитреба да заврши до средината на јануари.
По усвојувањето на уставните амандмани во Собранието, подносителот на измените, владата мора да одржи јавна расправа за три дена, а потоа да има два дена да подготви извештај и да го достави до пратениците.
Потоа претседателот на Парламентот, Талат Џафери е должен во рок од 30 дена да закаже седница за да се финализира промените што како на првата фаза, бара двотретинско мнозинство.
Ова гласање ќе ја заокружи постапката за уставни измени што произлегуваат од Преспанскиот договор.
На 19 октомври парламентот, со 80 гласа против и 39 против, ја започна постапката за измена на уставот. Две третини од мнозинството беа обезбедени од осум пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Челниците на ВМРО ДПМНЕ засега жестоко се спротиставуваат на уставните измени иако дел од нивното членство и пратеници веќе се издвојуваат и ќе гласаат за уставните измени.
Деновиве се засилува и анти македонска кампања во Грција и се очекува поѓирока мобилизација протв Преспанскиот договор. Најжестоката реторика трнува од Северот на Грција, попознат кај нас како страите огништа на Егејска Македонија, кад ешто населемието жестоко се мобилизра протв македонскиот идентите и јазик и воопшто името Северна Макеодонија.
Во грчата опозициска јавност се протнува теза дека договорот дури и да помине во Собранието на РМ, тие нема да го ратификуваат во грчкиот парламент.
Од друга страна пак позицијата на македонските парламентарци, додека трае расправата за уставните промени е се што ќе буде изгласано во македонскиот парлакент ќе има важност само ако биде ратификувано од грчкиот парламент.