„Дебела грда девица“: Последното видео на убиецот од Плимут содржи вознемирувачка содржина

од Stefanija Kuzmanovska

Џејк Дејвисон (23), кој уби пет лица во Плимут, а потоа изврши самоубиство бил Јутјубер кој сонувал да биде Терминатор, мислејќи за себе дека е грд.

Дејвисон се нарекувал себеси „дебела грда девица“, а исто така тврдел дека има симпатии кон движењето поврзано со масакрите во САД и Канада. Тој бил опседнат со тоа што не бил привлечен за жените и немал девојка.

Се нарекувал себеси „Професор Вафла“ на Јутјуб, а на платформата каде што вежбал објавувал видеа, како и десетминутни приказни за тоа како животот е „насочен против вас“, а човештвото е „на раб на изумирање“.

Во своето последно видео, што го објави на Јутјуб, тој за себе рекол дека е грд и дека сѐ уште не спиел со девојка.

„Се будиш и зјапаш во ѕидот и мислиш дека ништо не се сменило, и јас сум сѐ уште во иста позиција, ист период во мојот живот, сѐ уште е истото, таа девица дебела, грда. Сакам понекогаш да фантазирам, знаете, дека сум Терминатор или нешто слично. И покрај тоа, знаете дека се достигнува речиси целосен дефект на системот, се обидува да ја исполни својата мисија“, навел Дејвисон во своето последно видео.

Меѓу другото, тој поставил клипови од многу насилни видео игри.

За потсетување, Дејвисон пукаше во членовите на неговото семејство во куќа во Плимут, а потоа истрча на улица со сачмарка, каде наиде на две лица како шетаат кучиња. Тој прво испука неколку куршуми кон нив, а потоа и кон минувачите, работниците и клиентите од околните продавници.

Загинаа петгодишно девојче, двајца мажи и две жени, пренесуваат британските медиуми.

Слични содржини