5
Најмалку 15 Палестинци, вклучувајќи тука 8 деца и 2 жени биле убиени во воздушен напад од Израел врз медицински пункт во централна Газа, јавија светските медиуми, повикувајќи се на локална болница.
Болницата „Мачениците на Ал Акса“ вели дека цел на нападот биле луѓе што чекале ред за нутритивни суплементи во селцето Деир ал Балах.
PaНа други локации во Газа рано утрово и претпладнево биле убиени уште 26 Палестинци.
Во меѓувреме, во Доха, Катар, делегација на Израел и делегација на Хамас преговараат за примирје според услови напишани од САД, како и за ослободување заложници и затвореници на двете страни.