Децата кои пијат енергетски пијалоци се поподложни на ментални нарушувања

од Nikola Popovski
265 прегледи

Според истражувањето на Универзитетот Њукасл и Тисајд, енергетските пијалоци можат да имаат негативно влијание врз детскиот мозок, бидејќи нивната употреба го зголемува ризикот од ментални проблеми, вклучувајќи нарушување со хиперактивност, депресија, анксиозност и самоубиствени мисли.

Конзумирањето енергетски пијалоци има за цел да ја зголеми енергијата со кофеин и други стимуланси.

Во студијата објавена во списанието „Public Health“, научниците ги земале предвид податоците од 57 студии кои опфатиле 1,2 милиони деца и млади луѓе од повеќе од 21 земја кои консумирале енергетски пијалоци.

-Британските научници ја спроведоа оваа студија како продолжение на првичното истражување од 2016 година и открија уште понегативни последици по менталното и физичкото здравје на децата предизвикани од консумирањето енергетски пијалоци, изјавила главната авторка на студијата, професорката Амелија Лејк од Универзитетот Њукасл и Тисајд за „Фокс њуз“.

– Истражувањето го повторивме само за да најдеме повеќе, очигледни докази кои укажуваат дека консумирањето на овие пијалоци е поврзано со негативни здравствени исходи, додала таа.

Врз основа на овие наоди, истражувачите и другите британски здравствени организации ја повикаа владата да ја забрани продажбата на енергетски пијалоци на деца под 16-годишна возраст.

Содржината на кофеин во енергетските пијалоци се движи од 50 мг до 505 мг по пијалок.

– Овој доказ укажува дека енергетските пијалоци немаат место во исхраната на децата и младите, заклучила Лејк.

Слични содржини